Македонија Заев – Шчербак: СДСМ работи на обезбедување мнозинство за формирање стабилна влада

Заев – Шчербак: СДСМ работи на обезбедување мнозинство за формирање стабилна влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак, со кој разговарал за потребата од брза разврска на политичката криза за Македонија побргу да добие влада.

– СДСМ работи на обезбедување парламентарно мнозинство заради формирање стабилна влада, која ќе се зафати со сите потребни реформски процеси за да обезбеди добра иднина за граѓаните и за Македонија – рече Заев, соопштуваат од партијата.

Заев истакнал дека СДСМ е определен кон решавање на сите прашања од интерес за граѓаните преку почитување на Уставот и на законите, наспроти, како што рекол, сегашната практика на Ѓорге Иванов и на власта во заминување, поради кои земјата станала хибриден режим.

– Демократските процеси во Македонија се почнати. Нив ги поддржаа 612.000 граѓани од сите етнички заедници, кои го избраа концептот на заедништво и избраа Македонија да биде едно општество за сите. Само концептот на еднакви граѓани, правда, квалитетен живот за сите, ги гарантира унитарноста и добрата иднина на Македонија – додал Заев.