Македонија Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Норвешка, Арни Бјорнстад

Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Норвешка, Арни Бјорнстад

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателка на партијата, Радмила Шекеринска, попладнево се сретнаа со амбасадорот на Норвешка, Арни Бјорнстад.

На амбасадорот му било соопштено дека ставот на СДСМ за решение на политичката криза во Македонија се регуларни избори на кои ќе биде избрана кредибилна Влада.

„СДСМ заедно со граѓаните на Македонија бара Иванов да ја повлече срамната одлука за аболиција и да поднесе оставка. Во Македонија може и мора да има само фер и регуларни избори, со прочистен избирачки список и со медиумски реформи“, му било пренесено на амбасадорот Арни Бјорнстад.