Македонија Заев пристигна во ОЈО на распит за изборни нерегуларности

Заев пристигна во ОЈО на распит за изборни нерегуларности

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, точно напладне пристигна во Основното јавно обвинителство Скопје, каде треба да даде исказ во врска со истрагата што се води против него за изборни нерегуларности.

Заев во обвинителството дојде заедно со неговиот адвокат, Ване Андреев. Тој не даде изјава и најави дека по завршувањето на распитот, ќе излезе со коментар за медиумите, кои во голем број се присутни пред зградата на јавното обвинителство.

Според информациите во медиумите, Заев треба да даде исказ во врска со предистражна постапка за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Вчера Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека отворило две истражни постапки против поранешни функционери на МВР од локалната самоуправа и високи функционери од „одредена политичка партија“, кои се товарат за поткуп на гласачи во две изборни единици за време на изборите во април 2014 и во декември минатата година.