Главна секција Заев: Постои можност СДСМ да побара Уставен да реши за потписот на...

Заев: Постои можност СДСМ да побара Уставен да реши за потписот на Иванов за законот

Една од можностите во ситуација кога претседателот не го потпишува Законот за јазиците е и пратеничката група на СДСМ да поднесе иницијатива до Уставниот суд за да се разгледа дали претседателот Ѓорге Иванов го почитува Уставот, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, на која ја соопшти владината одлука да го раскине договорот за концесија на рудникот „Казандол“.

На прашањето дали се размислува да се поднесе иницијатива до Уставен суд за непочитување на Уставот од страна на претседателот Иванов, Заев одговори потврдно.

– Сме разгледувале неколку можности, секако една од нив е и таа. Една од постапките, кои се расправаа во пратеничката група на СДСМ, е ова да се разгледува од Уставен суд – рече Заев.