Економија Заев – Пилу: Поддршка од ЕБОР за новиот инвестициски циклус во Македонија

Заев – Пилу: Поддршка од ЕБОР за новиот инвестициски циклус во Македонија

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Ален Пилу, во рамките на неговата агенда за учество на Светскиот економски форум во Давос.

Заев и Пилу разговарале за можностите за идна соработка, посебно за проектите од областа на енергетиката и инфраструктурата, кои, Европската банка за обнова и развој ги оценува како приоритетни за поддршка.

„ЕБОР се придружува кон меѓународните напори за поддршка на земјата за забрзување на структурните реформи и обезбедување нов стимул за развој на бизнис климата, во согласност со заложбата на Владата за заживување на економијата и отворање нови работни места, како и за спроведување на втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија, која ја најавија премиерите Заев и Ципрас на нивната заедничка прес конференција“, се вели во соопштението на Владата.

ЕБОР досега инвестирала 1,6 милијарди евра во повеќе од 100 проекти. Моменталното портфолиото на банката изнесува 700 милиони евра, од кои 30, од 46 активни проекти, се во јавниот сектор.