Македонија Заев: Не смееме да дозволиме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот...

Заев: Не смееме да дозволиме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев смета дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но се остава можност за какви било промени, пред се заради ратификацијата на Протоколот за прием на државата во НАТО.

– Сите 29 земји членки го ратификувале Протоколот и кога ќе дојде до Република Македонија да го ратификува не смееме да дозволиме да немаме парламент -рече Заев.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на средбата со нивнарите информираше дека Собранието ќе се распушти 60 дена пред одржување на изборите на 12 април, односно на 11 февруари.

Во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, Џафери рече дека по распушатењето нема можност за свикување на Собранието. За ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.