Македонија Заев: Не одам на прослава, туку на состаноци со коалициските партнери

Заев: Не одам на прослава, туку на состаноци со коалициските партнери

„Јас не одам на прослава, продолжувам со состаноци. Имаме доста коалициски партнери во нашата коалиција, во албанските партии, во другите етнички заедници. Ќе се обидеме да го понудиме најдоброто за да имаме почетна надеж дека добро ќе одработиме“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред седиштето на партијата попладнево, прашан дали ќе биде на прославата пред Влада, за која се прават договарања на социјалните мрежи.

Тој порача дека работите што се најавуваа ќе донесат придобивки за сите граѓани.

– Една од причините што заминувам сега на состаноци е за час поскоро да се формира влада. Убеден сум дека новините што се најавуваат ќе бидат бенефит за сите граѓани во нашата Македонија – рече Заев.