Македонија Заев најави дека ќе се земат предвид забелешките на Пендаровски и граѓаните...

Заев најави дека ќе се земат предвид забелешките на Пендаровски и граѓаните за Законот за дивоградбите

Фото: Влада на РСМ

Во Парламентот повторно ќе дискутираме за Законот за легализација на дивоградби, зашто ако застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50.000 домови на граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев откако вчера претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Според Заев, ова е последно носење закон со конечна цел, да заврши бесправното градење од независноста на државата.

„Единствената порака што треба да се испрати е дека не се исплаќа да се гради на диво. Со Законот, како и до сега, нема да се легализира секој бесправно изграден објект. Законот за легализација дава можност за остварување право на сочувување на домот пред се на граѓаните кои се под прагот на сиромаштијата. Законот досега е јасен. Ако одреден објект не е легализиран по законите, а законите завршија за легализација, тие треба да се отстранат, односно ако инспекторот не постапи кривично одговара, т.е. доколку градоначалникот не постапи, кривично одговара, односно соодветно републичкот инспектор и самиот министер за транспорт и врски,“ рече Заев.

Тој вели дека Парламентот и Владата можат дополнително да ги зајакнат критериумите, затоа што законите и сега кажуваат во кои начини и во каква постапка некој може да легализира.

„Ова е суштината на дебатата што се водеше и верувам дека Парламентот ќе ја продискутира. Дополнително, може да ги зајакнат оние укажувања што претседателот на државата ги изнесе за добивање решение за легализација на објекти во заштитени подрачја зашто дефинитивно и прогласувањето на националните планови, односно плановите под заштита определуваат строго заштитено подрачје, развојно подрачје  и сите други категориизации,“ додаде Заев.

Премиерот посочи дека има објекти кои се времени градби и тие не подлежат на правото на легализација. Има објекти со несоодветни намени на плановите и тие не подлежат на легализација.