Главна секција Заев на средба со Наумовски, пред почетокот на циклусот состаноци со Нимиц...

Заев на средба со Наумовски, пред почетокот на циклусот состаноци со Нимиц на 11 декември

Премиерот Зоран Заев денеска одржал консултативна средба со амбасадорот Васко Наумовски, кој е специјален пратеник во разговорите кои се водат за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, под покровителство на Обединетите нации, информираат од Владата.

Тие се координирале за претстојните активности, односно пред новиот циклус разговори кои треба да почнат со посредникот Метју Нимиц на 11 декември.

„На оваа средба, на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, е констатирано дека за средбите на посредникот Метју Нимиц со амбасадорите, Наумовски и Василакис, кои се закажани да почнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција“, се вели во соопштението на Владата.

Соговорниците оцениле дека за решавањето на оваа прашање кое е од врвен национален интерес за државата, од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите на сите политички чинители.