Македонија Заев на средба со директор за Континентална Европа при француското МНР

Заев на средба со директор за Континентална Европа при француското МНР

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, попладнево се сретнал со Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во МНР на Франција и со француската амбасадорка во Р. Македонија, Лоренс Оер.

Главна тема на разговорите, како што се наведува во соопштението, биле шансите за отворање преговори за решавање на политичката криза во Македонија, на 10 јуни во Брисел.

– Се надевам дека Европската унија го препознава автократскиот систем на владеење во Република Македонија, што се коси со елементарните вредности и дека ќе помогне на принципиелен начин за разврска на политичката криза – рече претседателот Заев.

Дипломатот од Франција ги пренел очекувањата за почитување на демократските процеси и вредности за земјава да може да напредува на патот кон ЕУ.