Македонија Заев на 26 август на неформална средба со лидерите од Западен Балкан...

Заев на 26 август на неформална средба со лидерите од Западен Балкан во Драч

На 26 август во Драч премиерот Зоран Заев ќе присуствува на неформална средба на претседателите на влади на земјите на Западен Балкан посветена на регионалната интеграција, информираат од владината прес-служба.

На средбата, на која домаќин ќе биде албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан.

Освен претседателите на влади на земјите на Западен Балкан, на средбата ќе учествуваат и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.