Македонија Заев на 12 февруари во официјална посета на Турција, средби со Ердоган...

Заев на 12 февруари во официјална посета на Турција, средби со Ердоган и Јилдерим

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 12 февруари ќе престојува во официјална посета на Република Турција, информира владината прес-служба.

За време на посетата премиерот Заев ќе има средби со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со турскиот премиер Бинали Јилдерим, како и со претседателот на турското Собранието, Исмаил Кахраман.

По средбата со премиерот Јилдерим, двајцата премиери ќе имаат заедничка прес-конференција.