Македонија Заев му го честиташе на Макрон изборот за претседател на Франција

Заев му го честиташе на Макрон изборот за претседател на Франција

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до новоизбраниот претседател на Република Франција, Емануел Макрон, кому од име на граѓаните на Македонија, СДСМ и од свое лично име му го честиташе изборот за претседател.

„Ги цениме и поздравуваме заложбите што ги негувате за слобода и за демократија во една обединета Европа, што е дополнително охрабрување за земјите кандидатки на ЕУ, како што е Република Македонија. Франција, како еден од столбовите на Европска Унија, има важна улога и за развојот, стабилноста и за безбедноста на целиот Балкански Регион и уверен сум дека Вашите политики ќе бидат дополнителен придонес и охрабрување за овие важни процеси. Граѓаните на Република Македонија силно го почитуваат придонесот на Република Франција за обновата на демократските процеси во Македонија, како и големата поддршка на евро-атлантските интеграции на нашата држава“, се вели во честитката.

Заев, покрај другото, во честитката вели дека очекува да се продолжи да се развива и да се продлабочува соработката помеѓу двете земји.