Македонија Заев му го честиташе изборот на Штајнмаер за нов претседател на Германија

Заев му го честиташе изборот на Штајнмаер за нов претседател на Германија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до новиот претседател на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во која, меѓу другото ги поздравува неговите заложби, искажани по изборот, за „слобода и демократија во една обединета Европа, како важен импулс на охрабрување за земјите-кандидатки за членство во Европската Унија, како што е Република Македонија“.

„Германија има важна улога за развојот, стабилноста и безбедноста на целиот балкански регион. Граѓаните на Македонија силно го почитуваат вашиот личен придонес и придонесот на СР Германија за обнова на демократските процеси во Македонија како и поддршката на евро-атлантските перспективи на нашата држава. Како добар пријател на Македонија и како претседател на земјата-пријател на Македонија, СР Германија, очекувам дека во таа насока ќе ја продолжиме и ќе ја развиваме нашата соработка“, стои во честитката на Заев до Штајнмаер.