Македонија Заев му честиташе на Рама, убеден е дека ќе продолжи соработката на...

Заев му честиташе на Рама, убеден е дека ќе продолжи соработката на двете држави

Премиерот Зоран Заев му честита на премиерот на Албанија, Еди Рама, за победата на парламентарните избори, велејќи дека е убеден дека ќе продолжи пријателската и принципиелна соработка помеѓу Македонија и Албанија.

„Убеден сум дека ќе продолжи Вашата посветеност кон демократските и реформските процеси, според стандардите на ЕУ и на НАТО. Исто така, верувам дека ќе продолжи и пријателската и принципиелна соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, низ меѓусебно почитување, разбирање и поддршка, во интерес на обезбедување квалитетен живот за граѓаните на нашите две држави, како и за развојот на стабилноста на Балканот во целина“, вели Заев во честитката.

Премиерот на Македонија во честитката додава дека е уверен дека со одлучноста што ја покажале со Рама како одговорни политичари, ќе ги осигурат европските интеграции на двете земји.