Македонија Заев му честиташе на Борисов: Вредностите за кои се залагате носат напредок...

Заев му честиташе на Борисов: Вредностите за кои се залагате носат напредок и на регионот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод изборот на новата влада на Бугарија, упати честитки до новиот бугарски премиер Бојко Борисов.

„Ги поздравуваме вредностите за кои се залагавте пред и по изборот за премиер на Бугарија и сметаме дека токму заложбите за демократија, слобода и за меѓусебно почитување се вредности кои силно ќе влијаат на понатамошниот развој на Бугарија, но и на добрососедските односи во целиот регион, а особено на односите меѓу Македонија и Бугарија. Граѓаните на Македонија силно го почитуваат вашиот личен придонес и придонесот и поддршката на Република Бугарија за евро-атлантските перспективи на Република Македонија, каде што Бугарија е почитуван партнер и сојузник“, се вели во честитката.