Македонија Заев: Младите треба да се задржат во државата, да живеат и да...

Заев: Младите треба да се задржат во државата, да живеат и да работат овде

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го претстави „Планот за живот“ пред граѓаните во Демир Хисар, на митингот кој СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија го одржаа таму.

„Сакам да знаете, со „Планот за живот“ ги враќаме слободата, правдата, еднаквоста и демократијата. За овие четири работи се бориме и затоа изборната единица број 4 ќе биде историска и победничка за животот во Македонија“, рече Заев.

Тој истакна дека преку програмата што за овие избори се нуди, ќе ги задржи младите луѓе да живеат и да работат во Македонија.

Државата ќе ги привлече да останат по школувањето со тоа што ќе им бидат понудени 10.000 евра за најдобрите бизнис-идеи, со обезбедени бесплатни сметководствени и консултантски услуги за новите бизниси во центрите за иновативни бизниси.