Македонија Заев – Мекилвам: Една третина од реформите предвидени за три месеци се...

Заев – Мекилвам: Една третина од реформите предвидени за три месеци се реализирани

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, попладнево се сретнал со Фиона Мекилвам, директорка за Западен Балкан во Министерство за надворешни работи на Велика Британија, која на средбата била придружувана од британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет.

На средбата, како што соопштуваат од Владата, Заев се заблагодарил за искрената поддршка од Велика Британија.

„Владата е ориентирана кон ефикасна и квалитетна реализација на реформите преку планот „3-6-9“, што треба да ги отвори перспективите за граѓаните и за државата. Веќе се реализирани една третина од реформите предвидени за првите три месеци. Голем дел од реформите се поврзани со политичка волја, а Владата е определена да ја обезбеди. Градиме добри односи со соседите, како што е претстојниот договор што ќе го потпишеме со Бугарија за пријателство, добрососедство и за соработка“, изјавил Заев.

Заев и Мекилвам разговарале и за можноста за интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Велика Британија.