Македонија Заев: Македонија да биде една изборна единица

Заев: Македонија да биде една изборна единица

Македонија да биде една изборна единица ќе предложи СДСМ, изјави денеска лидерот на партијата Зоран Заев.

Според него така ќе се реши и прашањето со гласањето на дијаспората, односно иселениците ќе можат и понатаму да гласаат, со тоа што сега нивните гласови ќе се слеат заедно со гласовите на сите граѓани и секој глас ќе има еднаква вредност.