Македонија Заев: Ќе сториме сè да ги расветлиме причините за трагичната несреќа

Заев: Ќе сториме сè да ги расветлиме причините за трагичната несреќа

Премиерот Зоран Заев со вицепремиерите, Оливер Спасовски и Бујар Османи и со министрите, Венко Филипче и Сухејл Фазлиу, денеска присуствуваа на комеморативната седница организирана од градоначалникот на Oпштина Гостивар, Арбер Таравари, во сеќавање и чест на загинатите граѓани од овој град во страотната собраќајна несреќа во која до сега 14 луѓе го загубија животот.

„Како Влада и како надлежни органи, ве уверувам дека ќе сториме се, да ги расветлиме причините за трагичната несреќа. Денешниот и утрешниот ден ги прогласивме денови на жалост во целата наша држава и молитвите на сите граѓани во нашата држава се упатени кон покој на загинатите сограѓани. Нека почиваат во мир вашите сакани и нашите сограѓани“,  рече Заев.

На комеморацијата присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов.