Македонија Заев: Ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес

Заев: Ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за „Радио Слободна Европа“ вели дека кривичната пријава против него поради сомнеж за „загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта“ е само „дрзок и безобразен обид на власта да го спречи објавувањето на докази и на аргументи“.

– Поради тоа што постои целосна спрега меѓу МВР, обвинителството и судството, ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес, поради тоа што се работи за слободата и за демократијата во земја-членка на ОН и во земја-кандидат за членство во ЕУ, да се произнесат и да помогнат во враќањето на слободата и на демократијата во Македонија –  изјави Заев.

Тој вели дека ништо нема да го спречи да ја објави „бомбата“.

– Дури и Заев и половина Македонија да ја притворат и осомничат, вистината ќе ја знаат сите и нема да успеат да го спречат објавувањето –  вели Заев во кусата телефонска изјава.