Македонија Заев: Имаме одговорност да се избориме за слободна Македонија и тоа го...

Заев: Имаме одговорност да се избориме за слободна Македонија и тоа го правиме

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Радмила Шекеринска и од Стевица Јосифовски, шеф на правниот комитет во штабот на партијата, попладнево се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен, придружуван од заменичката, Раул Мурешан, и од политичкиот аналитичар Саша Пајевиќ.

Како што информираат од СДСМ, тема на разговор била политичката криза во Македонија, предизвикана од непочитувањето на Договорот од Пржино, како и последната одлука на Ѓорге Иванов.

Заев рекол дека потезите, каков што е последниот на Иванов за заштита на криминалната група на власт, како и избегнувањето на власта од потпишаните обврски за чист избирачки список, медиумски реформи, одвојување на партијата од државата, е суспендирање на Договорот од Пржино, поради што избори на 5 јуни не се можни.

„Целта на Договорот е создавање услови за фер и регуларни избори на кои ќе одлучи слободната волја на граѓаните. Тоа што го прават Иванов, Груевски и другите негови соработници, не оди во прилог на решение на кризата, туку на влошување на ситуацијата во Македонија“, смета  Заев.

Тој појасни дека СДСМ поведе постапка за разрешување на Иванов и дека Вељаноски има и законска можност и должност да постапи по иницијативата.