Македонија Заев: Имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле против Грција

Заев: Имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле против Грција

„И ние имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле, немојте да мислите дека ги немаме поради тоа што не ги употребуваме. Веројатно и Грција има такви адути, но тоа е нејзина работа“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање за спорот за името со Грција во вечерашната емисија „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“.

Премиерот Заев кажа дека новата власт бара помош од Грција и сака конструктивно да разговара, но не по секоја цена.