Главна секција Заев: Има брзи решенија, но не зависат само од опозицијата

Заев: Има брзи решенија, но не зависат само од опозицијата

Има решенија кои можат да бидат брзи и можат да ја изненадат јавноста, но тие не зависат само од опозицијата, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на третата лидерска средба во Клубот на пратеници.

Следната средба е закажана за почетокот на идната недела.

Заев рече дека денешниот состанок поминал во информирање на ДУИ и на ДПА за разговорите во Стразбур и не сакаше да каже повеќе детали за тоа дали има напредок за решавање на политичката криза.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат за тоа дали преговарачкиот тим од Европската унија излегол со „нон пејпер“ на средбата меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур.

И Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека идната недела ќе се одржи нова лидерска средба и истана дека деталите ќе ги откријат претставниците на САД и на ЕУ.