Македонија Заев и Спасовски на средба со израелскиот амбасадор Дан Ориан

Заев и Спасовски на средба со израелскиот амбасадор Дан Ориан

Како најголем проблем што ја засега држвата, Заев ја посочил големата миграција на младите луѓе

Зоран Заев и Оливер Спасовски денеска во седиштето на партијата се сретнале со амбасадорот на Израел, Дан Ориан.
На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјава и за економските проблеми на граѓаните и на државата.

Заев кажал дека неможноста на граѓаните да ја искажат својата слободна волја на изборите е посочена во извештаите на ОБСЕ и на ОДИХР и дека е неопходно техничка влада да ги организира и спроведе следните избори.

Како најголем проблем што ја засега држвата, Заев ја посочил големата миграција на младите луѓе, кои ја напуштаат земјата бидејки тука не гледаат перспектива.

– Економскиот просперитет на државата, враќањето и чувањето на слободата и на демократијата во државата се вредности и обврски од коишто СДСМ не отстапува – изјавил Заев на средбата со израелскиот амбасадор Дан Ориан.