Македонија Заев ѝ порача на Де Зулуета: Промените ќе се случат преку регуларни...

Заев ѝ порача на Де Зулуета: Промените ќе се случат преку регуларни и фер избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска се сретна со шефицата на набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР, Тана де Зулуета.

На средбата, како што наведуваат од партијата, се зборувало за неопходноста од одржување на фер и демократски избори на 11 декември, како и за важната улога што набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ја има во надзорот и оценката за предизборниот и за изборниот процес.

– Промените во земјава ќе се случат на 11 декември преку регуларни и фер избори. Важно е докрај да се обезбедат сите услови за да можат граѓаните слободно да ја изразат својата волја. СДСМ и коалицијата со граѓаните се решени на 11 декември да ги вратат демократските институции и да ја придвижат земјата напред – рече претседателот Заев.

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР најавиле дека ќе продолжат будно да ги следат предизборниот и изборниот процес. Заеднички била изразена согласност дека на 11 декември мора да се случат фер и регуларни избори.