Македонија Заев и Кара разговарале за организирање на посета на Ердоган на Македонија

Заев и Кара разговарале за организирање на посета на Ердоган на Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорката на Турција, Еркал Кара, на која, меѓу другото, било разговарано и за „интензивирање на постапката за организирање на официјална посета на делегација на Владата на Македонија на Турција, како и за посета на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на нашата земја“.

Заев и Кара, според соопштението од владината прес-служба, „посебно внимание посветиле на соработката на планот на безбедносните политики, како и на поддршката за претстојните активности на Македонија во однос на евроатлантските аспирации“.

„На средбата заеднички е поздравено длабокото пријателството меѓу Македонија и Турција и е изразена определеност за унапредување на соработката на економски план, како и во сите други области од интерес на граѓаните на двете држави“, стои во соопштението.