Главна секција Заев и Ахмети зборувале за реформите во владеење на правото и за...

Заев и Ахмети зборувале за реформите во владеење на правото и за поделбата на ресори

По средбата со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево во Мала Речица се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

– Ги приближуваме сè повеќе ставовите, продолжуваме вечерва со Беса. Важен е квалитетот на луѓето, а уште не сме ги „отвориле“ луѓето. Сè ќе падне во вода ако ги договориме ресорите, а нема квалитетни луѓе – рече Заев по излегувањето од седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Од ДУИ преку соопштение информираат дека лидерите на двете партии се согласиле околу принципите за владеење и ги повториле приоритетите на новото мнозинство за реформи во владеењето на правото во согласност со препораките на меѓународната заедница.

„Еден од предностите на владеењето ќе биде непосредна интеграција во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ со што страните се согласија за сериозен ангажман кон постигнување на оваа заедничка цел. По принципиелното усогласување на програмата, двајцата коалициски партнери разговараа и околу распределбата на ресорите и се согласија дека новиот владин кабинет има потреба за одговорни и квалификувани кадри за продолжување на овие многу значајни процеси за нашата земја“, велат од ДУИ.