Македонија Заев: Груевски и Ахмети го убија Договорот од Пржино

Заев: Груевски и Ахмети го убија Договорот од Пржино

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на промоција на книга на Нано Ружин изјави дека Договорот од Пржино е погребан затоа Никола Груевски и Али Ахмети донеле еднострана одлука, јави „Телма“.

– Договорот од Пржино е мртов бидејќи најсериозната карика од овој договор е организирање на Владата за подготовка и спроведување на изборите. Тој е урнисан со едностраната одлука на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети. Сите сме свесни дека единствениот излез од кризата е комплексен, а тоа е спроведување на кредибилни и легитимни избори. Сето друго е непосакувано сценарио кое може да и се случи на Македонија – изјави Заев.