Македонија Заев денеска ќе соопшти дали СДСМ ќе се врати на преговори

Заев денеска ќе соопшти дали СДСМ ќе се врати на преговори

Лидерот на СДСМ во текот на денот ќе одржи прес-конференција на која ќе го соопшти ставот на партијата околу преговорите, дознаваме од неофицијални извори во партијата.

По вчерашната одлука на Советот на јавни обвинители да избере само седум од 14 помошници-обвинители за специјалната обвинителка Катица Јанева, претставниците на СДСМ ги напуштија преговорите и заминаа на консултации и договараа дали ќе се вратат да преговараат.

Пред да си заминат од преговорите, генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, рече дека нема да дозволат и овој изборен законик да биде „палома хартија“ и дека без оглед колку биле блиску до договор, за нив Договорот од Пржино е прекршен и тие ги напуштаат преговорите.