Економија Заев-Дејвидсе: Да се одржи динамиката на реализација на проектите поддржани од Светска...

Заев-Дејвидсе: Да се одржи динамиката на реализација на проектите поддржани од Светска банка

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, се сретна со извршниот директор во Светска банка, Кун Дејвидсе.

На средбата заеднички била нагласена важноста на Стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, со чија што поддршка се реализираат проекти во патната инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура. При тоа, била истакната потребата за одржување на потребната динамика на активности, со цел заокружување на проектите во предвидените рокови.

„Заокружување на НАТО интеграциите, како и почетокот на преговорите со ЕУ, по надминувањето на политичката криза, реформските чекори и затворањето на прашањата со соседите отвораат големи перспективи за државата и за граѓаните. Продуктивноста е добра, фокусирани сме на зајакнување на сервисните капацитети на институциите со цел зголемување на економските резултати и она што е најважно, тие да допрат уште повеќе до граѓаните и квалитетот на живот“, изјавил Заев.

Денеска во Министерство за финансии потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер ќе ја презентира четиригодишната Стратегија за партнерство со Република Северна Македонија.