Македонија Заев даде поддршка на лицата со телесен инвалидитет

Заев даде поддршка на лицата со телесен инвалидитет

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ја даде својата поддршка на лицата со посебни потреби со учество на настан во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, а во организација на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“.

– Како ваш пријател, по она што претставува преокупација за нашата Македонија, ќе направиме сè што е во наша моќ за земјата да ја направиме перспективно катче, достојно за живот, еднакво за сите граѓани – изјави Зев пред присутните.

Градоначалникот на Струмица доби благодарница за континуираната поддршка на сите нивни активности.