Македонија Заев: Аргументите се на наша страна

Заев: Аргументите се на наша страна

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера од Охрид порача дека политичкиот дијалог за надминување на политичката криза неопходно е да финишира со договор за организација на влада која ќе спроведе фер и демократски избори во Македонија.

– Преговорите ги водиме сериозно, но ослободени од притисок. За некои црвени линии не може да има отстапки. Аргументите се на наша страна. Нашите ставови се потврдени состојби во сите последни извештаи на Стејт департментот, на експертската група на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе, на ОН. Крајот на Груевски е дојден, во прашање е само начинот на неговото заминување – истакна Заев.