Свет Балкан Заедницата на српските општини ќе биде формирана, тврди Хоџај

Заедницата на српските општини ќе биде формирана, тврди Хоџај

Официјална Приштина ќе го исполни договорот за основање заедница на српски општини (ЗСО), соопшти косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај.

– Тоа е во наш интерес и во интерес на српската заедница на Косово, да има тело кое може да ги поддржува, координира, кое може да им го подобри животот и да им помогне во интеграцијата во државните структури на Косово, во политиката, економијата, општеството – изјави Хоџај, додавајќи дека ЗСО мора да биде создадена во согласност со Бриселскиот договор, но и со одлуките на косовскиот Уставен суд.

Хоџај рече дека некои претставници на властите во Белград понекогаш даваат погрешна претстава за целта на оваа заедница и повтори дека ЗСО нема да има никакви извршни овластувања.