Македонија Забранет сообраќај за товарни возила на Стража и на Маврово

Забранет сообраќај за товарни возила на Стража и на Маврово

Поради интензивните врнежи од снег, превентивно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на Маврово, соопштуваат од АМСМ.

Сообраќајот на другите патишта во земјава се одвива непречено, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозот на повисоките планински места.

Вржени од снег, со слаб интензитет се регистрирани во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово, додека поинтензивно паѓа во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, односно на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.