Македонија Забрана за камиони на Стража и на Пресека

Забрана за камиони на Стража и на Пресека

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Ресен – Битола, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, како и на планинскиот премин Пресека, соопшти Автомото-сојузот на Македонија.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Јасен е непрооден.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег. Снег со слаб интензитет паѓа во целата држава, освен во источниот дел.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.