Македонија Забрана за камиони на повеќе патни правци

Забрана за камиони на повеќе патни правци

Забрана за камиони е воведена на повеќе патни правци во Македонија, известува Автомото-сојузот на Македонија.

Камиони не смеат да се движат на планинскиот премин Пресека, планинскиот премин Ѓавато, патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка.

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот по интервенција на дежурните екипи од ЈП „Македонија пат“.

За другите моторни возила задолжителна е зимската опрема, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.