Македонија Забрана за камиони на кракот Маврово – Дебар, патот преку Јасен и...

Забрана за камиони на кракот Маврово – Дебар, патот преку Јасен и понатаму непрооден

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила утрово има само на кракот Маврово – Дебар, информира Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), а патниот правец Скопје – Македонски Брод, преку природниот резерват Јасен и понатаму е непрооден.

Сообраќајот на државните патишта, според АМСМ, се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од „Македонија пат“.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На македонската страна на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.