Македонија Забрана за камиони кај Буково

Забрана за камиони кај Буково

Поради обилни врнежи од снег, вечерва од 19 часот повторно е воведена забрана за тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен, кај планинскиот премин Буково.

Автомото-сојузот на Македонија информира дека на другите патни правци сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози.