Македонија Забава за лицата со Даунов синдром

Забава за лицата со Даунов синдром

Центарот за младински активизам „Крик“ за зголемување на свеста за лицата со Даунов синдром, вечерва во Безистенот на Старата скопска чаршија организира забава, како дел од активностите во октомври – месец посветен на овие лица.

На забавата ќе бидат прикажани едукативни видеоматеријали и ќе се одржат квизови.

Даунов синдром е генетско нарушување. Менталниот развој кај лицата со Даунов може да биде од лесна до средна (умерена) попреченост. Малкумина од нив имаат тешка ментална попреченост. Застапеноста на Дауновиот синдром е 1 на 800 или 1.000 раѓања. Иако некои од физичките недостатоци не можат да бидат надминати, соодветното образование и грижа може да го подобри квалитетот на живот кај овие луѓе, така што овие лица уживаат во секојдневните активности исто како и сите други. Тие уживаат да танцуваат, да се дружат, да пеат, да одат во училиште, соопштуваат од ЦМА „Крик“.