Свет Европа За време на карневал во Келн, регистрирани 22 сексуални напади

За време на карневал во Келн, регистрирани 22 сексуални напади

Германската полиција соопшти дека биле регистрирани 22 сексуални инциденти за време на карневалските свечености во западногерманскиот град Келн.

Речиси 200 лица биле притворени за нарушување на јавниот ред, додека едно лице е уапсено и обвинето за напад и за силување.

Мерките за безбедност годинава се значително зголемени и на улиците има повеќе од 2.500 полицајци.

Ваквата одлука на германските власти доаѓа по големиот број инциденти во Келн што се случија за време на новогодишната ноќ, кога беа регистрирани голем број сексуални напади и грабежи.