Економија За половина денар ќе поскапи Еуросупер БС-95

За половина денар ќе поскапи Еуросупер БС-95

Бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за половина денар, и ќе се продава за 71,5 денари за литар, додека малопродажните цени на Еуросупер БС-98, на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.

Согласно одлуката, се намалува цената на мазутот и таа ќе изнесува 33,65 денари за килограм.