Македонија За МОН е прифатлив предлогот од ФИНКИ

За МОН е прифатлив предлогот од ФИНКИ

Предлогот на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ, Димитар Трајанов, за работење на високообразовните установи во земјата според студиски програми кои делумно (60-70 отсто) би биле компатибилни со програмите на најдобрите европски и светски универзитети, изгледа прифатливо и ќе биде предмет на дополнителна анализа, велат од Министерството за образование и наука.

„Предлогот на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Димитар Трајанов, е дополнување на првичната иницијатива на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде работењето според програмите на најдобрите европски и светски универзитети е повеќегодишна практика“, се вели во соопштението од  МОН.