Македонија За два дена Комунална хигиена подигнала 1.130 тони отпад

За два дена Комунална хигиена подигнала 1.130 тони отпад

Комунална хигиена-Скопје продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад на територијата на градот Скопје според стандардната динамика, велат од претпријатието

Комунални работници во Чаир / Фото: Мета.мк

Во текот на изминатите два дена беа подигнати и транспортирани вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за индивидуалните домаќинства, соопшти денес ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Екипите на ова јавно претпријатие, според соопштението, отстраниле и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

„Почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад на територијата на градот Скопје според стандардната динамика, утврдена со Оперативната програма за работа на Претпријатието. Воедно, продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Градот чист пак ќе никне – во Скопје полека се чисти отпадот [галерија]