Македонија За 365 дена, пратениците изгласале 345 закони

За 365 дена, пратениците изгласале 345 закони

Пратениците во Собранието оваа година речиси секој ден усвојувале по еден закон, па во 2014 година биле донесени вкупно 345 закони, а се одржале 35 седници.

Во новиот мандат, кој почна на 10 мај, пратениците одржале 29 седници. Вкупно се донесени 164 закони, од кои 95 по редовна, 57 по скратена постапка и 12 закони за ратификација на договори.

Најкратко траела 13. седница, вкупно 15 минути.