Свет Европа За 20 отсто падна вредноста на акциите на „Фолксваген“

За 20 отсто падна вредноста на акциите на „Фолксваген“

Акциите на „Фолксваген“ утринава изгубија повеќе од 20 отсто од вредноста, што е најголем еднодневен пад во нивната историја, откако американската Агенција за заштита на средината (ЕПА) ја обвини компанијата за маскирање и за лажирање на податоците за емисија на штетни гасови.

Германија најави истрага за да се утврди дали практиката е користена и во ЕУ.

ЕПА во петокот соопшти дека најголемиот европски произведувач на автомобили користел софтвер во дизел-моделите на марките „Волксваген“ и „Ауди“ за да го „маскира“ количеството штетни гасови на тестирањата и така ги лажел регулаторите. На компанијата ѝ се заканува казна од 18 милијади долари.