Македонија За 11 проценти зголемен бројот на туристи

За 11 проценти зголемен бројот на туристи

Во трите квартали од 2015 година, бројот на туристи во Македонија е зголемен за 11,2 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од јануари до септември годинава, во земјава се регистрирани за 5,6 проценти повеќе домашни гости и за 15,4 проценти повеќе странски посетители.

Во деветте месеци, Македонија ја посетиле вкупно 672.286 туристи.