Свет Балкан Вучиќ: Нема да коалицирам со тие што не ѝ мислат добро на...

Вучиќ: Нема да коалицирам со тие што не ѝ мислат добро на Србија и по цена да ги загубам изборите

Српскиот премиер и претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, денеска изјави дека е на прагот да ги загуби изборите, односно други да формираат влада без листа околу СНС, но остана на ставот дека немало да прави компромиси со тие што, како што рече, сакале да ја вратат Србија во минатото.

Тој истакна дека според последните податоци што ги видел синоќа, се наоѓа на „апсолутен раб“ да ги загуби изборите.

Лидерот на СНС порача дека не сакал со никого да прави компромис, ниту лоша политика само за да биде на власт. Тој истакна дека изборите не биле игра, прашање на духовити изјави, претстава за деца во која некој требало да ве насмее, туку, како што рече, тоа било можност да се одлучи каков живот ќе има народот во Србија.