Свет Балкан Вучиќ доби дозвола да го посети Косово во рамки на изборната кампања

Вучиќ доби дозвола да го посети Косово во рамки на изборната кампања

Косовската влада му одобри на српскиот премиер и кандидат за претседател на Србија, Александар Вучиќ, утре да го посети Косово и тоа на три часа, соопшти косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај.

Шефот на косовската дипломатија рече дека ова е последен пат да им се дозволи на српски политичари да го посетат Косово како дел од изборна кампања.

Тој истакна дека одлуката е донесена како израз на добра волја кон странските партнери, како што се Германија и Европската Унија.

Најавено е дека Вучиќ, кандидат за претседател на Србија, утре ќе го посети Лепосавиќ на северот на Косово.