Македонија Врнежливо и студено време со северен ветер

Врнежливо и студено време со северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните и во источните делови. Ќе дува повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Минималните температури ќе се движат од од 4 до 11, а максималните од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 15 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврово во осум часот е измерена висина на снежна покривка од два сантиметра. Најниска температура од нула степени е измерена во Маврово, Крушево и Лазарополе, а највисока во Гевгелија од 10 Целзиусови степени.